Новите телефони од серијата REDMI Note 17: повеќе батерија, повеќе издржливост и помалку грижи
Кога купуваме нов телефон, денес веќе не нè интересира само колку мегапиксели има камерата или колку брзо отвора апликации. Сакаме уред што ќе го издржи целиот ден, а по можност и следниот, што нема да бара постојана грижа, ќе има квалитетен екран и ќе понуди доволно перформанси, без за него да мора да се издвои буџет како за најскапите модели на пазарот.
Токму на таа комбинација се потпираат новите смартфони REDMI Note 17 Pro Max 5G и REDMI Note 17 Pro 5G.

Двата модели ја носат препознатливата идеја на REDMI Note серијата – функции што вообичаено ги очекуваме од поскапи телефони, сместени во подостапна категорија. Но овојпат, една тема јасно се издвојува: истрајноста на телефонот.
REDMI Note 17 Pro Max 5G: Кога три дена без полнач стануваат реална опција
Кај REDMI Note 17 Pro Max 5G, главниот адут е батеријата од 9.210 mAh. Во зависност од начинот на користење, автономијата може да достигне до три дена со едно полнење, а кога сепак ќе дојде време за полнење, тука е 100W HyperCharge брзо полнење.
Во секојдневието тоа значи многу едноставна работа – помалку проверување на процентите и помалку планирање на денот според најблискиот штекер. Телефонот поддржува и 27W жично реверзибилно полнење, па дел од големата батерија може да ја сподели со друг компатибилен уред.

Но Pro Max не е создаден само за да трае подолго меѓу две полнења. Предната страна е заштитена со Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, телефонот има IP66/IP68 отпорност на прашина и вода, а неговата конструкција е развиена со акцент на поголема отпорност во реални секојдневни ситуации.
За содржините што ги гледаме секој ден тука е големиот 6,83-инчен 1.5K AMOLED екран со освежување до 120Hz, додека Snapdragon® 6 Gen 5 се грижи за секојдневните перформанси.
REDMI Note 17 Pro 5G: Истата филозофија во попристапен пакет
REDMI Note 17 Pro 5G има малку поинаков пристап, но ја задржува суштината. Батеријата
од 8.340 mAh овозможува повеќе од два дена автономија, а 67W HyperCharge го скратува времето потребно на полначот. Тука е и 22,5W реверзибилно полнење, па и овој модел може да послужи како дополнителен извор на енергија за друг компатибилен уред.
Pro 5G го задржува големиот 6,83-инчен 1.5K AMOLED дисплеј, освежување до 120Hz и Gorilla Glass Victus 2 заштита.
За перформансите е задолжен Snapdragon® 6s Gen 4, а главната камера од 50MP со оптичка стабилизација е тука за секојдневните фотографии и видеа. Резултатот е модел наменет за оние што сакаат голема автономија, квалитетен дисплеј и издржливост, но бараат поразумен чекор во однос на Pro Max.
Кој модел е за вас?
Одлуката во суштина се сведува на приоритетите. Ако сакате максимум автономија, побрзо полнење и најкомплетниот модел од серијата, REDMI Note 17 Pro Max 5G е логичниот избор.
Ако сакате голем дел од истото искуство, но во попристапна варијанта, REDMI Note 17 Pro 5G нуди силен баланс меѓу батерија, екран, перформанси и цена.
И во двата случаи идејата е телефонот да остане корисен долго откако ќе помине возбудата од првото вклучување.
До крај на октомври промотивна понуда со Xiaomi уред на подарок
Продажбата на двата модели во Македонија е веќе започната, а во тек е и специјална промотивна понуда. Доколку се одлучите за еден од овие два нови смартфони, извршете регистрација на купувањето и ќе можете и да изберете како подарок еден од следниве
ри уреди на Xiaomi: греалка Mi Smart Space Heater S EU, прочистувач на воздух Xiaomi
Smart Air Purifier 4 Compact EU или правосмукалка-стик Xiaomi Vacuum Cleaner G20 Lite EU. Промоцијата трае до 31 октомври или до истрошување на залихите.
*Комерцијален текст