Ивица Дачиќ пред изборите во Србија отиде на разговори во Москва


 

Министерот за внатрешни работи на Србија во технички мандат, Ивица Дачиќ, денес во Москва разговараше со државниот секретар и заменик-министер за внатрешни работи на Русија, Игор Зубов, за влијанието на глобалните закани врз актуелната состојба во светот и можностите за подобрување на полициската соработка меѓу двете земји.

Дачиќ и Зубов оцениле дека односите меѓу двете земји се традиционално пријателски, а врските меѓу народите се братски, изразувајќи подготвеност за интензивирање на контактите на највисоко и највисоко ниво, соопшти Министерството за внатрешни работи  на Србија.

Дачиќ ја повторил својата благодарност до руската страна за „принципиелната и конзистентна позиција“ во однос на почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.

Москва гледа обиди на Западот да се меша во изборните процеси во Србија и да ја дестабилизира ситуацијата со деструктивни сили, изјави Дмитриј Медведев, заменик-секретар на Советот за безбедност на Русија.

„Внимателно ја следиме изборната кампања во Србија. Им посакуваме успех на нашите партнери. За жал, гледаме и обиди на Западот да се меша во изборниот процес за време на предвремените парламентарни избори и да ја дестабилизира ситуацијата преку радикални деструктивни сили“, рече Медведев, објавија руските медиуми.

Медведев објави дека се сретнал со Ивица Дачиќ.