Руските власти го уапсија главниот уредник на „Нова газета“
Уредникот на рускиот независен медиум „Нова Газета“, Сергеј Соколов, беше уапсен денеска во Москва, а неговата куќа беше претресена, соопшти неговата редакција, пренесува Ројтерс.
Поранешниот главен уредник на „Газета“ Дмитриј Муратов ја подели Нобеловата награда за мир за 2021 година и им ја посвети на шестмина свои колеги кои беа убиени поради нивната работа.
Русија ги заостри законите за цензура и го зголеми притисокот врз независните медиуми откако во 2022 година ја започна војната во Украина. Според организацијата за следење на медиумските слободи „Репортери без граници“, во земјата моментално се затворени 50 новинари и медиумски работници.