МВР: Штипјанецот што дрифташе немал ни возачка ни регистарски таблички на возилото
Младиот, 22-годишен штипјанец ќе се соочи со пријава откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како дрифтува со автомобил без регистарски таблички, иако немал стекнато право да управува со возило.
Од СВР Штип информираат дека по преземените мерки, на 14 октомври полициските службеници го пронашле С.К. и извршиле службен разговор со него.
На видеото, објавено на 12 октомври, се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки и намерно предизвикува пролизгување на автомобилот.
При преземањето на полициските мерки било утврдено дека младиот штипјанец управувал со возилото пред да се стекне со право на управување.
За случајот е известен јавен обвинител, а од полицијата најавуваат дека по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.