Одложена одлуката за физибилити студијата која предвидува нови згради на местото од тетовската пожарна


По пет часа расправа и тензии меѓу советниците на денешната 19. седница на Советот на Општина Тетово беше одложено донесувањето одлука за физибилити студија според која е предвидено на местото каде сега функционира противпожарната единица да се градат нови згради.

Опозицијата бараше да не се расправа поради штета на јавниот интерес, но владејачкото мнозинство не се согласи. Советниците од Демократската унија за интеграција (ДУИ) со транспаренти и свирчиња правеа обиди да се прекине седницата, што пак резултираше со неколку паузи во работата.  По почетокот во 10 часот, околу 15 часот за двете предлог одлуки беа одложени за наредна седница

– Според физибилитија студијата ќе се прават две згради, од кои 60% ќе остане на Општина Тетово, а 40% како деловен простор ќе му остане на приватниот инвеститор. Но, според математиката во физибилити студијата општината на почеток има право на 15%, од тие 60 % и другите 45%, треба да ги купи од инвеститорот за сума од 7,7 милиони евра, што треба да ги плати во рок од pet години. Мислам дека е крајно неприфатливо јавен простор што е на граѓаните на Тетово да се остави на инвеститорот, да прави што сака, изјави Агрон Арифи, советник од Подобро за Тетово. 

Во изјава за медиумите, градоначалникот Биљал Касами рече дека ова е почеток на дебата за физибилити студијата. Според него, овој документ дава предлог- решенија како би се решил просторниот проблем на општинската администрација и јавните претријатија. Тој тврди дека пожарната ќе остане на истото место со подобри услови за работа и нема да има сообраќајни предизвици за возилата. 

– Денес ја отвораме дебатата, ќе продолжиме понатаму, се додека не ја исцрпиме, ние нема што да криеме, ние сме заинтересирани до крај да дебатираме затоа што цениме дека е еден од највголеми проекти за Тетово покрај другите милионски проекти и еден од главните проекти за да се подобри животниот стандард на граѓаните и условите за работа на нашите вработени, истакна Биљал Касами, градоначалник на Тетово 

Во март годинава, до зградата на Општина Тетово почна да се гради уште еден објект за потребите на општинската администрација. Тој објект е предвиден со приземје, два ката и поткровје, а за што треба да се одвојат 1,4 милиони евра.