Војдан Стојановски: Ако бидеме на ниво очекувам позитивен резултат


 Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска го игра дуелот од второто коло од ФИБА Европа купот. Противник им е екипата на Тарту од Естонија. По стартниот пораз на домашен терен од грчки Ираклис во изедначен натпревар во таборот на „металците“ очекуваат победа и да ги израдуваат своите навивачи.

– Нè чека тежок натпревар. Треба да бидеме цврсти и да влеземе со огромна енергија во одбраната. Доколку сме на нашето ниво низ целиот дуел, очекувам позитивен резултат на крајот. Секако со поддршка од нашите верни навивачи, чија помош ни значи навистина многу, изјави еден од најискусните Војдан Стојановски.

Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“, а почетокот е во 18:30 часот.