Ова се 100-те најбезбедни банки во светот
Списанието „Глобал фајнанс“ го објави своето 35-то годишно рангирање на најбезбедните банки во светот за 2026 година.
Целосната листа на 100-те најбезбедни банки во светот е претставена подолу, а ќе биде објавена во ноемвриското печатено и дигитално издание на списанието, како и на веб-страницата GFMag.com.
Европските банки повторно доминираат на рангирањето на „Глобал фајнанс“ за 2026 година, заземајќи ги првите 12 места, 17 од првите 25 и повеќе од половина од првите 50 позиции. Германската банка KfW е на првото место 17-та година по ред, пренесува Банкар.ме.
Институции од вкупно 28 земји, територии и области се претставени меѓу 100-те најбезбедни банки за 2026 година. Франција има најмногу претставници, со 10 рангирани банки, по што следат Германија, Јужна Кореја и САД со по осум, и Канада со седум банки.
„Во период на континуирана економска неизвесност, геополитички тензии и брзи промени во финансискиот сектор, силата, стабилноста и дисциплинираното управување со ризици остануваат клучни критериуми за извонредност во банкарството. Изборот на најбезбедни банки во светот за 2026 година од страна на списанието „Глобал Фајнанс“ ги признава институциите кои ја покажаа финансиската сила и долгорочната отпорност потребни за да одговорат на новите ризици и да всадат доверба кај клиентите и пазарите“, рече Јозеф Џарапуто, основач и уреднички директор на списанието „Глобал Фајнанс“.
Годишното рангирање на најбезбедните банки во светот од страна на списанието „Глобал Фајнанс“ е признат и сигурен стандард за проценка на безбедноста на банките како партнери во финансиските трансакции повеќе од три децении. Победниците беа избрани врз основа на проценката на долгорочните кредитни рејтинзи за обврските во странска валута, кои агенциите „Мудис“, „Стандард и Пурс“ и „Фич“ им ги доделуваат на 500-те најголеми банки во светот.
Покрај листата на 100-те најбезбедни банки во светот, комплетниот извештај ги вклучува следните категории: 50 најбезбедни комерцијални банки во светот; најбезбедни банки по земја, територија и округ; 50 најбезбедни банки на пазарите во развој; најбезбедните исламски финансиски институции во земјите од Советот за соработка на Заливот (GCC); како и најбезбедните банки по региони – Африка, Азија, Австралазија, Централна и Источна Европа, Латинска Америка, Блискиот Исток, Северна Америка и Западна Европа.
Најбезбедни банки за 2026 година – 100 најбезбедни банки во светот:




