Жена нападната во лифт во Аеродром, друга начекала обиен стан


Илустрација

Една повозрасна жена е нападната во лифт во Аеродром, при што ѝ се одземени паричникот и лични документи, а друга го начекала станот обиен,. Сето ова се случувало среде бел ден во една од најнаселените,урбани општини во Скопје.

Вчера, околу 11.10 часот во СВР Скопје В.Т.(75) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, додека влегувала во лифт од зграда, две лица физички ја нападнале и ѝ го одзеле паричникот со пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, околу 16 часот во СВР Скопје, Л.П.(50) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, кога се вратила во нејзиниот стан забележала дека вратата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе затоа што била блокирана со столица. Откако успеала да ја тргне столицата, влегла внатре и забележала едно лице, кое ја нападнало со тврд предмет и побегнало. После тоа, таа забележала дека од станот биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нешто подоцна во вторникот, М.С.(24) од Скопје пријави дека ден претходно, околу 16:30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од И.Ц., кој со тврд предмет му го оштетил мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.