Предлог – одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија


Фото: Б. Грданоски

 Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследува на натамошна постапка во Собранието предлог-одлуката за изменување на одлуката за одобрување на продолжувањето на рокот за постоење кризна состојба поради можност од настанување нарушување во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата.

На денешната седница на Комисијата образложение даде министерот Владо Мисајловски.

– Се работи за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на целата територија. Фактички, со оваа одлука, зборовите до 20 октомври 2026 се заменуваат со зборовите до 20 април 2027 година – појасни министерот.