Скопје и денеска се чисти во голема акција


Од Генералка викенд, 8 мај 2026 (Фото: Б. Грданоски)

Покрај илјадниците волонтери, во акцијата, чиј старт е закажан за 11 часот, ќе бидат вклучени и општините, градоначалниците, учениците и граѓани.

„Луѓе од различни генерации и професии, обединети околу желбата за почисто, поубаво и поздраво Скопје! Да се собереме таму каде што секојдневно живееме, се движиме и ги создаваме спомените. Да се погрижиме за местата каде што играат нашите деца и да им покажеме што значи да се биде одговорен кон својот град. Да оставиме пример, не ѓубре – Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!“, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.

Градоначалникот нагласи дека ваквите акции ќе се одржуваат двапати месечно.

„Ќе бидеме упорни, ќе се собираме повторно и ќе градиме традиција на заедништво и одговорност. На неодговорноста ќе одговориме со личен пример. Верувам во скопјани“, додава тој во објавата.