„Македонскиот јазик – извор на научни истражувања” – дводневна конференција во Институтот „Крсте Мисирков“


„Македонскиот јазик – извор на научни истражувања” е насловена меѓународната конференција која денеска и утре се одржува во рамки на 11. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Тема на годинашната конференција е „Нормата и јазикот“ и, како што соопшти организаторот,  ќе учествуваат 95 домашни и странски лингвисти.

По затворањето на конференцијата,  утре попладне учесниците ќе ја посетат црквата „Св. Кирил и Методиј” во Тетово, каде што в петок, во рамки на четиридневната манифестација, ќе се одржи работилница „80 години од излегувањето на првата граматика на македонскиот литературен јазик“.