На Папата му е дијагностициран малиген тумор по операцијата на белите дробови


Папата Лав XIV беше подложен на успешна операција за отстранување на долниот лобус на десниот белодроб, бидејќи израстокот откриен таму бил канцероген, објави Ватикан. 71-годишниот папа е опериран во болницата „Џемели“ во Рим откако рутинскиот преглед открил израсток на неговиот бел дроб, пренесе Хина.

„Јазолот отстранет од папата за време на 90-минутната операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим бил канцероген, што барало отстранување на „долниот лобус на десниот белодроб“, соопшти Ватикан.

Операцијата „ја потврди дијагнозата за аденокарцином на белите дробови, како што се сомневаше врз основа на предоперативните прегледи“.

Аденокарцином на белите дробови е најчестиот рак кај непушачите. Операцијата траела околу 90 минути и била успешна, без компликации, соопшти Ватикан.

Папата се разбудил и се одмара во болничка соба. Ватикан претходно објави дека закрепнувањето треба да трае една недела и дека сите негови јавни настани се откажани до 20 октомври. Ова е првиот сериозен здравствен проблем на папата во 17-те месеци од неговиот понтификат.