Белата куќа побара од Гилфојл да поднесе оставка


Кимберли Гилфојл

Белата куќа побара од Кимберли Гилфојл да се повлече од функцијата амбасадор на САД во Грција, откако „Волстрит џурнал“ објави дека таа побарала 100.000 долари од донатор на Трамп во периодот пред нејзиното сослушување за потврдување на функцијата минатата година.

„Ја замоливме амбасадорката Гилфојл да поднесе оставка. Таа беше одличен член на тимот и ѝ посакуваме сè најдобро“, изјави  портпаролката на Белата куќа, Кејти Закарија.