САД се најголемиот снабдувач на течен гас за ЕУ, објави портпарол на ЕК
САД сега се најголемиот снабдувач на течен природен гас во ЕУ, додека увозот од Русија значително опаѓа, изјави портпаролот на Европската комисија на денешната прес-конференција како одговор на прашања. Тој истакна дека долгорочната цел на ЕУ е целосно да престане да увезува фосилни горива од Русија.
Портпаролот наведе податоци што покажуваат дека во 2022 година ЕУ увезла 45 проценти од своите фосилни горива од Русија, додека денес тој удел се намалил на 12 проценти. Плаќаме многу помалку на Русија од март 2022 година и почетокот на нападот врз Украина, истакна тој.
Целосно ќе престанеме да увезуваме руски фосилни горива, засега сè уште е можно да се увезува руски течен природен гас. Целосната забрана стапува на сила следната година, додаде портпаролот, јави БТА.