„Животот е лото“ – Дарио има нова брза песна со моќна порака
Важи за „златен дечко“ на македонската поп-естрада. Годините не му можат ништо, хитовите од четиридецениската кариера уште му се вртат во етерот, се бара влезница повеќе за неговите концерти и настапи. Се уште е срдечен, љубезен, професионален, еден од најдобро облечените пејачи кај нас, и по многу години во маркетинг и бизнис води, сега е посветен само на музиката.
„Живот е лото“, е нова песна на Дарио Панковски, за која вели дека е весела и брза, со модерен поп ритам, во медитерански стил и со впечатлив рефрен. Музиката и текстот се на Дарио, а аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник Кристијан Габроски.

Во декември 2025, Дарио го промовираше албумот „Ковчег со злато“, со 11 песни снимени во изминатите пет години, во лежерна атмосфера, само пред новинарите, апосветен на , како што стои на обвивката, големиот човек Тоше Поп Симонов.