Контејнери за кабаст отпад од денеска поставени во Железара, Керамидница и Автокоманда


Жителите на Железара, Керамидница и Автокоманда ќе имаат можност правилно да го одложат кабастиот отпад во периодот од 13 до 18 октомври, кога на овие локации во Општина Гази Баба ќе бидат поставени специјални контејнери.

Акцијата ја организира ЈКП „Гази Баба 2007“, од каде апелираат до граѓаните отпадот да го одлагаат навремено и исклучиво во поставените контејнери.

„Кабастиот отпад да се одлага навремено и исклучиво во поставените контејнери, со цел да имаме чиста, уредна и здрава животна средина“, апелираат од претпријатието.

Од таму посочуваат дека со одговорно однесување и правилно одлагање на отпадот граѓаните директно придонесуваат за почиста и поуредена општина.