Огромен успех на македонските мали семејни винарии на вински натпревар во Белград
Огромен успех постигнаа македонските мали семејни винарии на вински натпревар во Белград, информираа денеска од Здружението Македонски семејни винарии.
– Четири македонски винарии освоија пет платина медали, највисоко признание што една винарија може да го добие на еден вински натпревар. Пет Master of wine, кои ги оценуваа вината на Wine trophy 2026 , го препознаа вистинскиот квалитет и потенцијал на малите семејни винарии – посочија од Здружението.
Оттаму потсетија дека Македонските семејни винарии и оваа година, петти пат по ред се присутни на „Wine vision by Open Balkan 2026“ во Белград. Ова е, како што истакнаа, наш најголем успех досега.
Претходно, соопштија дека 18 палети квалитетно македонско вино од 74 винарии, заминале за Белград на најголемиот саем на Балканот 2Wine vision by Open Balkan“.