Турција ја раскина соработката со Монтела


Турската фудбалска федерација (ТФФ) објави вечерва дека ја раскина соработката со досегашниот селектор Винченцо Монтела по серијата лоши резултати.

„Одлучивме дека нема д продолжиме да работиме со селекторот“, објави ТФФ на својот профил на Икс.

Монтела ја предводеше турската репрезентација од септември 2023 година и одлично го започна својот мандат квалификувајќи се за ЕУРО 2024, каде стигна до четвртфиналето, а го однесе тимот и во А дивизијата во Лигата на нации.

Сепак, по пласманот на Светското првенство 2026, резултатите тргнаа во непосакуван правец. И покрај големите очекувања, Турција заврши последна во својата група на Светското првенство, а сезоната во Лигата на нации ја почна со порази на сите четири натпревари, два од Италија и по еден од Франција и Белгија.