Ѓоковиќ елиминиран од Мастерсот во Шангај од полскиот тенисер Хуркач
Шангај – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на мастерс турнирот во Шангај откако во мечот од 2. коло загуби од полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) за 87 минути игра. Ова беше прва победа за Хуркач во меѓусебните мечеви со Ѓоковиќ, кој има скор 8-1.
Ѓоковиќ пред неколку дена успеа да триумфира на турнирот во Пекинг и кусиот период за одмор меѓу двата турнира придонесе за послабото издание на српскиот тенисер на турнирот во Шангај. Во првиот сет Хуркач направи брејк во 10-тиот гем и со тоа го освои сетот, додека во вториот сет брејкот го направи во четвртиот гем за водство од 3:1 што се покажа како клучно.
Хуркач во следното коло ќе игра со победникот од мечот меѓу Мусети Лоренцо Мусети (Италија) и Ји Жу (Кина). Ѓоковиќ следниот настап ќе го има на турнирот во Ријад од 21 до 24. октомври.