EУ повик за младите во Кочанскиот регион
Во рамки на проектот „ЕУ Механизам за граѓанска отпорност – Фаза II: Поддршка за граѓански и грасрут организации“, објавен е новиот ЕУ повик „Поддршка на младите луѓе за економско зајакнување и претприемништво во Кочанскиот регион“, насочен кон развој на дигиталните вештини и писменоста за вештачка интелигенција, како и кон младинското и социјалното претприемништво.
Со цел локалните граѓански организации подетално да се запознаат со можностите што ги нуди повикот, на 15 октомври 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во хотел „Амор“ во Кочани, ќе се одржи информативна сесија.
На сесијата, претставниците на граѓанските организации од регионот ќе имаат можност да се запознаат со приоритетите и условите на повикот, критериумите за аплицирање, како и со практичните чекори за подготовка и поднесување проектни предлози.
Во прилог Ви го доставуваме целосното соопштение за медиуми, со молба за негово објавување.
Проектот „ЕУ Механизам за граѓанска отпорност – Фаза II: Поддршка за граѓански и грасрут организации“ е финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2024–2025 за Република Северна Македонија.