Волонтери од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица во рамки на иницијативата „ТАВ Готви“
Во пресрет на Светскиот ден на бездомништвото, вработените од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми се обединија околу заедничка мисија: да донесат надеж на оние на кои им е најпотребна. Преку хуманитарната иницијатива на ТАВ Македонија „ТАВ Готви“, како и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми, ‘Hope On Board’, вработените, волонтери, подготвија 170 пакети со храна за корисниците на Пунктот за бездомници Момин Поток, управуван од Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на Град Скопје. Иницијативата ја одразува посветеноста на аеродромскиот оператор за поддршка на ранливите категории граѓани преку значајни волонтерски активности и поттикнување општествена солидарност.
Активноста ги обедини колегите од ТАВ Аеродроми со заедничка цел: да обезбедат практична поддршка и солидарност за лицата кои се соочуваат со тешки животни околности. Покрај подготовката на пакетите со храна, волонтерите го вложија своето време, грижа и човечност, покажувајќи како заедничкото дејствување може да направи позитивна промена во животите на другите.

„Како аеродромски оператор, нашата улога не е само да поврзуваме дестинации. Подеднакво сме посветени и на придонесот кон благосостојбата на заедниците на кои им служиме. Преку „ТАВ Готви“ и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми ‘Hope On Board’, испраќаме порака дека солидарноста, сочувството и грижата можат да помогнат во подобрување на животите и зајакнување на заедниците. Горди сме што повторно соработуваме со Црвениот крст и ги поддржуваме корисниците на Пунктот за бездомни лица „Момин Поток“. Оваа иницијатива покажува дека кога луѓето се обединуваат околу заедничка цел, дури и малите дела можат да создадат значајни промени“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Волонтерската активност беше организирана во духот на Светскиот ден на бездомништвото, кој секоја година се одбележува на 10 октомври, потврдувајќи ја долгогодишната посветеност на ТАВ Македонија кон поддршка на ранливите општествени групи преку одржливи и влијателни програми за корпоративна општествена одговорност.
Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.