Украина нападна руска рафинерија на 2.500 километри од границата


По рускиот напад врз Краматорск, при што загинаа најмалку 33 луѓе, Украина нападна голема рафинерија за нафта во рускиот град Омск.

Очевидци изјавија дека се слушнале две експлозии и над рафинеријата се издига чад.

Нападот го потврди и гувернерот на Омската област, Виталиј Хоценко. Тој наведе дека руската противвоздушна одбрана дејствува поради нападот со беспилотни летала,

Рафинеријата во Омск се наоѓа на повеќе од 2.500 километри од Украина.