КСЗД предупреди на дискриминација на бремени жени во работните односи и сексуално вознемирување во образованието


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на брифинг со новинарите посочи дека најмногу поплаки се однесуваат на работата и работничките права, а особено загрижувачки се случаите со бремени жени кои остануваат без работа откако газдите ќе ги информираат за бременоста.

Според изнесеното, Комисијата во изминатите три години добила „повеќе од дваесет и една претставка“ што се однесуваат на дискриминација врз бремени жени со нерегулиран работен однос, односно со договори на определено време.

Комисијата најави и отворање ресурсен центар преку кој граѓаните и организациите ќе имаат полесен пристап до информации, анализи и извештаи поврзани со заштитата од дискриминација.

До Комисијата во последните четири години пристигнале само две претставки за сексуално вознемирување што укажува на ниско ниво на препознавање и пријавување на ваквите случаи, а за тоа говорат и прелиминарните резултати од истражувањето за сексуално вознемирување на работното место во образованието.