Ѓоковиќ во финале на турнирот во Пекинг по дисквалификацијата на Медведев


Пекинг – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го игра своето седмо финале на „Кина опен“ во Пекинг, откако во денешниот полуфинале меч, неговиот ривал Данил Медведев беше дисквалификуван. Во тој момент од мечот Ѓоковиќ водеше со 1:0 во сетови и 5:3 во вториот сет и во деветтиот гем на сервис на Ѓоковиќ беше 15:15.

Но, по еден веќе завршен поен Медведев неконтролирано го удри топчето кое погоди навивач на трибините и судијата на стол Мохамед Лијани го повика супервајзорот, кој немаше друг избор во оваа ситуација и мораше да го дисквалификува Медведев.

Во финалето утре Ѓоковиќ ќе игра против Алекс Де Минаур од Австралија, кому Хуберт Хуркач од Полска му го предаде мечот поради повреда при водство на ривалот од 6:4 и 3:2 во вториот сет.