Стопанската комора ќе предложи измени на Законот за празниците поради влијанието врз економијата


Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност.

На прес-конференција на тема „Празниците во Македонија и нивното влијание врз економијата“, Комората ќе ја претстави анализата на постојниот систем на празници во државата, како и споредба на бројот на неработни денови по основ на државни празници во земјава и во други европски земји во текот на 2026 година.