Ѓоковиќ го нокаутира Зверев и се пласира во полуфиналето на турнирот во Пекинг
Пекинг – Поранешниот светски број еден, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг откако пред малку го победи првиот носител и втор рекет во светот, Германецот Александар Зверев, со 4:6, 6:4, 6:4 во четвртфиналето. Тој е првиот играч во историјата на тенисот кој успеал да победи на првите 32 меча по ред на еден турнир.
Ѓоковиќ (39) победи против Зверев, кој е десет години помлад од него, по два часа и 35 минути игра. Зверев го доби првиот сет со 6:4, додека следните два му припаднаа на Ѓоковиќ со ист резултат.
Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето против шестиот носител во светот, Русинот Даниил Медведев, кој го победи Аргентинецот Франсиско Черундола со 7:6 (4), 6:3. Во другото полуфинале ќе играат Австралиецот Алекс де Минаур и Полјакот Хуберт Хуркач.