Мерц и Зеленски им оддадоа почит на загинатите украински војници


Киев – Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.

Зеленски изјави дека Мерц ја започнал својата посета на Украина со оддавање почит на украинските бранители кои го загубиле животот.

„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на Украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на Телеграм, пренесува Укринформ.