ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека го праша Фрчкоски кој снима поткасти во штабот на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ, „исто како и Венко Филипче“, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија.
-Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС, дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче.Нека кажат на кои докази го темелат тоа?
Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС? За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.