Влатко Стефановски вечерва во Кочани со концерт во хуманитарни цели


Концертот на македонскиот гитарист со светско реноме Влатко Стефановски, кој вечерва ќе се одржи во Кочани, во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, ќе има посебна, хуманитарна и длабоко човечка порака.

Средствата што Општина Кочани ги издвои за концертот, Влатко Стефановски, според негов избор, ќе ги намени во хуманитарни цели.

Гестот на Влатко Стефановски за Кочани има особено значење затоа што поддршката доаѓа не само од голем уметник, туку од човек кој преку својата музика избира да биде хуман.