Барселона ги негира медиумските извештаи: УЕФА не покрена никаква постапка против нас
Барселона ги негираше наводите на некои шпански медиуми дека Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покренала постапка против клубот. „УЕФА не покрена никаква постапка против Барселона. Постапката беше покрената пред три години со назначување на двајца истражители кои оттогаш ги извршија дејствијата што ги сметаа за неопходни. Оваа постапка не е повторно отворена бидејќи никогаш не била затворена и Барселона секогаш ги исполнувала барањата на истражителите“, се вели во соопштението.
Станува збор за „случајот Негреиро“, а УЕФА започна истрага откако Реал Мадрид достави обемна документација во која се наведува дека Барселона, помеѓу 2001 и 2018 година, извршила големи исплати на Хозе Марија Енрике Негреиро, поранешен потпретседател на Техничкиот комитет на судиите во Шпанската фудбалска федерација.
Во документацијата се наведува дека Барселона извршила вкупно исплати што надминуваат осум милиони евра.
„Ова е тековна истрага и преглед. УЕФА не објави покренување, повторно покренување или повторно активирање на каква било постапка. Истражителите треба да одлучат какви чекори ќе преземат како одговор на доставената документација, доколку ја има. Досега, Барселона не добила никакви барања или обврски“, додаде каталонскиот клуб, актуелниот шампион и лидер на табелата во Ла Лига.
Во текот на предметниот период, од 2001 до 2018 година, Барселона освои девет титули во Ла Лига, а исто така освои и четири титули во Лигата на шампионите.