„Приказна што се носи“ – ревија на уникатни чанти и ранци од музејски банери во Археолошкиот музеј


Националниот археолошки музеј, во соработка со ДСУРЦ „Партенија
Зографски“ и „Прекроено МК“, кани на „Приказна што се носи“ –
настан кој ги поврзува инклузијата, одржливоста, креативноста и модата.
 
Од стари музејски банери создадени се уникатни ташни, ранци и несесери,
кои ќе бидат претставени преку посебна ревија на 5 октомври во 18 часот. Настанот носи порака дека секој материјал може да добие нов живот, а секој човек можност да
создава и придонесува.
 
Настанот е дел од активностите по повод Европските денови на културното
наследство 2026, под темата „Наследство во ризик – Оживеј – Заштити –
Преосмисли“.