Хутите тврдат дека нападнале цели во Ријад и објекти на саудискиот нафтен гигант „Арамко“
Јеменските бунтовници Хути денеска извршија напади врз „чувствителни локации“ во саудискиот главен град Ријад, како и врз објекти на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ во пристанишниот град Јанбу на Црвеното Море, објави на Телеграм воениот портпарол на движењето, Јахја Сари.
Портпаролот изјави дека нападите биле изведени со употреба на „голем број балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала“, додавајќи дека „операциите биле успешни и предизвикале огромни пожари“.
Нападите биле извршени „како одговор на криминалните обиди на саудискиот непријател да го нападне главниот град Сана“, кој е под контрола на Хутите.
Според Сари, саудиското воено воздухопловство – користејќи борбени авиони Ф-15 и „Тајфун“ – извршило 732 воздушни напади врз јеменска територија.
Од саудиска страна засега нема потврда на ваквите тврдења на Хутите.
Во меѓувреме, проодлжуваат борбите во јужен Јемен меѓу владините сили поддржани од Саудиска Арабија и бунтовниците Хути поддржани од Иран. Во изминатите 24 часа, според изворина двете страни, загинале 48 лица.
Воени претставници на јеменската влада потрдија дека 17 војници загинале во борбите во изминатото деноноќие. Хутите, пак, соопштија дека 31 нивен борец загинал во во борбите со владините сили.