Се гради новата повеќенаменска спортска сала во рамки на ООУ „Братство“ во Тафталиџе 2
Од Општина Карпош денеска информираа дека со поставувањето на камен-темелникот, официјално започнала изградбата на нова современа повеќенаменска спортска сала во рамки на ООУ „Братство“ во Тафталиџе 2.
Увид во градежните работи денеска извршиле премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, со што заеднички го означиле почетокот на реализацијата на овој значаен проект за карпошани.
„Наместо старата сала, ќе никне модерен спортски објект од 1.427 метри квадратни, наменет за спорт, рекреација и развој на нови генерации спортисти“, посочија од Општината.
Салата ќе располага со трибини со 400 места, создавајќи услови за тренинзи, спортски школи, натпревари и различни спортско-културни манифестации.
„Еден од тие проекти е и оваа повеќенаменска спортска сала. Прилично голема, 1400
квадратни метри со трибина со 400 седишта. Му честитам на општинското
раководство, на учениците, наставниците и на жителите од оваа населба, затоа што за
отприлика една година ќе добијат современ спортски објект кој освен училиштето, ќе
може да се користи и за комерцијални цели – за официјални натпревари, тренинзи,
спортско – културни манифестации и така натаму“, рече Јаневска.
Информираше дека преку министерството, во моментов во општина Карпош се
прошируваат капацитетите на ОУ „Димо Хаџи Димов“ со доградување на 6 училници,
а наскоро ќе започне и доградба на 4 училници во ОУ „Петар Поп Арсов“, за да се
овозможи едносменска настава.
Инвестицијата е вредна 63.411.966 денари со ДДВ, обезбедени со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија преку Министерството за образование и наука.