Германија ќе даде 5.000 воени шлемови на Украина, Кличко тоа го нарече шега
Германија ќе достави 5.000 воени шлемови на Украина за да помогне во одбраната од можна руска инвазија. Градоначалникот на Киев и поранешен светски првак во бокс Виталиј Кличко ја одби понудата како „шега“ што го оставила „без зборови“.
Министерката за одбрана Кристин Ламбрехт рече дека Берлин, кој се соочува со зголемени критики за одбивањето да испорача оружје на Украина како што направија другите западни земји, одговара на барањето за воена опрема, особено шлемови.
„Очигледно, Обединетото Кралство зазеде став дека помошта со смртоносна тактичка одбрана е нешто што им треба на Украинците. Но, ние не ги осудуваме другите земји“, рече британскиот министер за одбрана Бен Валас за време на посетата на Берлин.