91 илјада долари грант од Американците за санирање на Чифте амам

Министерот за култура Асаф Адеми, амбасадорот на САД во РМ Џес Бејли и директорката Дита Старова Керими  утре (31 октомври) во 10:30 часот  во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се обратат пред присутните по повод потпишувањето на Договорот за грант доделен од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД за 2018 година.

Грантот во износ од 91 000 американски долари е наменет за реализација на проектот: „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од навлегување на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро Чифте амам, Скопје“.