9 март во историјата – Американските бомбардери направија пекол од Токио, убиени беа околу 100.000 луѓе


 

Ноќта на 9 март 1945 година, американските воени авиони започнаа нова офанзива за бомбардирање против Јапонија, фрлајќи 2.000 тони запаливи бомби врз Токио во текот на следните 48 часа. Речиси 40 квадратни километри во и околу јапонската престолнина беа изгорени, а меѓу 80.000 и 130.000 јапонски цивили загинаа во најлошата поединечна огнена бура во запишаната историја.

Рано на 9 март, екипажот на воздухопловните сили се состана на Маријанските острови Тинијан и Сајпан на воен брифинг. Тие планираа бомбардирање на ниско ниво на Токио што ќе започне таа вечер, но со пресврт: на нивните авиони ќе им бидат одземени сите топови освен куполата на опашката. Намалувањето на тежината би ја зголемило брзината на секој бомбардерот „Супертврдина“, а исто така би го зголемил капацитетот за бомби за 65 проценти, со што секој авион ќе може да носи повеќе од седум тони. Брзината би била пресудна, а екипите биле предупредени дека доколку бидат соборени, треба да се брза кон водата, што ќе ги зголеми нивните шанси да бидат подигнати од американските спасувачки екипи. Доколку слетаат на јапонска територија, би можеле да очекуваат само најлош третман од страна на цивилите, бидејќи мисијата таа ноќ требаше да доведе до смрт на десетици илјади од истите тие цивили.

Нападот со касетни бомби на обкласта Шитамачи во центарот на Токио беше одобрен само неколку часа претходно. Шитамачи имаше околу 750.000 луѓе кои живееја во густи квартови во куѓи со дрвена рамка. Запалувањето на овој „град од хартија“ беше еден вид експеримент за ефектите од огненото бомбардирање; ќе ги уништи и лесните индустрии, наречени „фабрики во сенка“, кои произведуваа монтажни воени материјали наменети за јапонските фабрики за авиони.

Жителите на Шитамачи никогаш немаа шанса да се одбранат. Нивните противпожарни бригади беа безнадежно со малку луѓе, слабо обучени и слабо опремени. Во 17,34 часот, бомбардерите „Б-29“ полетаа од Сајпан и Тинијан, достигнувајќи ја својата цел во 12,15 часот на 10 март. Триста триесет и четири бомбардери, летајќи на само 150 метри, го фрлија својот товар, создавајќи џиновски оган разгорен од ветрови од 30 јазли што помогна да се срамни Шитамачи и да се рашири пламенот низ Токио. Маси панични и преплашени јапонски цивили се обидоа да избегаат од пеколот, а најголем дел не усопеаја. Човечкиот масакр беше толку голем што крваво црвените магли и смрдеата на запаленото месо што се разгореа ги разболеа пилотите на бомбардерите, принудувајќи ги да земат маски за кислород за да не повраќаат.

Нападоттраеше нешто подолго од три часа. „Во црната река Сумида лебдеа безброј тела, облечени тела, голи тела, сите црни како јаглен. Беше нереално“, забележа еден лекар на местото на настанот.