Спречен обид за бугарски воз на пет гласачки места во Карпош
Инфомакс дознава дека на пет гласачки места во општина Карпош е направен обид од страна на власта да се прави т.н. бугарски воз.
Имено на 5 избирачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од страна на набљудувачите да бидат изнесени надвор од гласачкото место.
За овие инциденти кои сериозно може да го нарушат демократскиот процес е направен записник и се известени соодветните институции.
Бугарскиот воз, во Бугарија познат како индиски стринг, е метод на местење гласови со цел да се влијае на изборниот процес преку контрола на гласачките ливчиња.