80 години МНТ- Зоран Кардула автор на новото лого
Македонскиот уметник Зоран Кардула го создаде логото „80 години Македонски народен театар“ по повод 80-годишниот јубилеј на најстарата национална професионална театарска институција Македонски народен театар (МНТ).
– Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот – 80 години. Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет. По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и на публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот и гостувања во и од светот. Создава место на европската и светската мапа преку поставување дела од севкупната класична и современа драматургија, но и преку постојано ангажирање на светски реномирани режисери, се вели во соопштението.
МНТ, како што се наведува, се стреми кон ширење на театарската уметност во јавноста, пред се насочена кон публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење, како и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар.