8 Март во „Рамстор Мол“ – Жената е секогаш центар на нашето внимание


Од 02 до 08 март во „Рамстор Мол“ во ЦЕНТАР на внимание ќе бидат жените!

По повод Меѓународниот ден на жената, „Рамстор Мол“ традиционално подготви многу изненадувања, попусти и промоции за сите дами.

Паралелно со големите попусти на женската колекција, во „Рамстор Мол“ ќе се одржи и Базар на рачни ракотворби, каде секој ќе може да избере уникатен производ за себе или за своите најблиски.

На 8 Март, во периодот од 12 до 15 часот,  со секоја приложена сметка над 1000 денари, направена во некое од продажните места во „Рамстор Мол“, како и во „Рамстор маркетот“ добивате подарок. Дополнително, Денот на жената го обележуваме и со бесплатено паркинг место за секоја жена во времетрање од 2 часа.

Изберете подарок од богатата понуда на „Рамстор Мол“, разгалете се себеси, или покажете им љубов и внимание на најзначајните жени во вашиот живот.