„8 Часа љубов“ – прв пијано маратон на македонската музичка сцена


Првиот пијано маратон на македонската музичка сцена насловен „8 Часа љубов“ во продукција на Пијано Центре ќе се одржи в недела со учество на 13 пијанисти.

Вратите од салонот на Пијано Центре во склоп на Национална Опера и Балет ќе бидат отворени за сите вљубеници во пијанизмот.
 
Како што најавуваат организаторите, настанот ќе започне во 11 часот со експозе, промоција и презентација на новите пијана во Пијано Центре, а се до 19 часот публиката ќе има можност да слушне десет концерти (полу рецитали) на 13 пијанисти.
 
-По прв пат, промотивно на нови концертни пијана, во различни термини маратонски ќе настапат врвните пијанистички имиња: Марија Ѓошевска, динамичното трио „ТРИПТИХ“ – Марија Вршкова; Елана Атанасовска – Ивановска и Сара Пројковска; Дино Имери; пијанистичкото дуо: Емилија Маринова  и Верица Шотарова; и Андреј Наунов, како и младите виртуози: Милан Дучевски, Гоце Златев, Инес Неделковска, Горјан Стојановски и Виктор Рафајловски, најавуваат од Пијано Центре.
 
Влезот е слободен, но ограничен според протоколите на здравствената организација.