Членовите на централното претседателство на ДУИ потпишаа Кодекс за добра пракса и интегритет


Членовите на централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ.

Како што посочуваат во соопштението до медиумите ова следува по отпочнување на процесот на ветинг од страна на пратениците од редовите на ДУИ на 13 февруари 2025 година, што претставува клучен чекор во сеопфатниот процес на реформи и ветинг на партијата.

Кодексот на добри практики и интегритет, кој е усогласен со меѓународните стандарди на Венецијанската комисија и Парламентарното собрание на Советот на Европа, претставува цврсто ветување од страна на централното претседателство на ДУИ дека посветено поддржува етичко управување, велат од ДУИ.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети истакна: „Денес, нашите членови на централното претседателство започнуваат да се подложуваат на процес на ветинг и го потпишуваат Кодексот за добра практика и интегритет, со што го продолжуваат процесот на реформа на ДУИ. Со тоа ја потврдуваме својата силна посветеност на транспарентноста и етичкото лидерство“, соопштија од ДУИ.