75.„Златни глобуси“ во знак на борбата против сексуално злоставување: Триумф на црната комедија „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

САД – Силни пораки и говори за единство доминираа синоќа на 75. доделување на Златните глобуси, прво доделување награди во Холивуд по сексуалните скандали што ја погодија филмската индустрија, а филмски ѕвезди во знак на поддршка за жртвите носеа црна облека.

Најголеми добитници на Златните глобуси, американски филмски и телевизиски награди за 2017 година беа црната комедија  „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ на Мартин Мекдона , и серијата „Мали големи лаги“за најдобра мини серија. Опра Винфри доби награда за животно дело.

Филмот  „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ освои вкупно четири Златни глобуси. „Обликот на водата“ иако имаше седум номинации, ги освои само оние за режија (Гилјермо дел Торо) и за музика (Александар Депла).

Речиси сите учесници на вечерта беа облечени во црно по повик на актерки и организацијата Тајмс-ап за жртвите за финансирање одбрана на жртвите на сексуално злоставување на работно место.

Еве ги останатите награди во главните категории:

Најдобра комедија или мјузикл: „Леди Бирд“

Најдобар драмски актер: Гери Олдман

Најдобра драмска актерка: Френсис Мекдорманд

Најдобар актер во комедија или во мјузикл: Џејмс Франко

Најдобра актерка во комедија или во мјузикл: Сурша Ронан

Најдобар режисер: Гилјермо дел Торо

Најдобро сценарио: Мартин Мекдона

Најдобар спореден актер:  Сем Роквел

Најдобар анимиран филм: „Коко“

Најдобар странски филм: Од никаде (Германија, Франција)

Најдобра драмска серија: Приказната на слугинката

 

 

Црвениот килим на „Златните глобуси“ поцрне

 

САД- Црвениот тепих на Златните глобуси отсекогаш бил местото каде што можеме да видиме низа холивудски ѕвезди во своето најдобро модно издание. Сепак, холивудските дами овој пат блеснаа во поинаков сјај. Холивуд се солидаризира со жртвите кои поминале низ сексуално малтретирање и напад, носејќи црна боја на 75-те Златни глобуси кои се одржаа во Беверли Хилтон. Аџелина Џоли, Кетрин Зета Џонс, Никол Кидман, Гал Гадот и уште многу други дами кои беа дел од манифестацијата прошетаа на црвениот тепих облечени во црно.

 

Моќен говор на Опра Винфри

 

САД- Опра Винфри објави „нов ден“ за жените и девојките кои биле подложени на сексуално малтретирање од влијателни мажи во силен говор на церемонијата на доделувањето на Златен глобус. 63-годиишната Винфри, чие претходно ток-шоу го отвори патот на исповед на телевизија и ја направи милијардерка, ја фокусираше изјавата на родовата еднаквост, сиромаштијата и расизмот при примањето на наградата „Златен глобус“ за животно дело.

Винфри го поздрави движењето #MeToo кое доби на интензитет по откритието за однесувањето на филмскиот магнат Харви Вајнштајн. Опра Винфри оддаде почит и на Риси Тејлор – афроамериканка која во 1994 соопшти дека е жртва на групно силување од шестмина бели мажи во Алабама и почина минатиот месец на 97 години, откако изрази жалење од „културата, разбиена од брутално влијателни мажи“.

„Премногу долго жените не беа слушани или не им веруваа, ако се осмелуваат да ја кажат вистината за овие мажи. Но нивното време дојде! Времето им дојде!“, рече Винфри, откако доби аплауз од присутните, а кај некои можеше да се забележат и насолзени очи.

„Затоа сакам сите девојки кои не гледаат сега, да знаат дека на хоризонтот се појавува нов ден“, посочи Винфри.

„И кога овој нов ден конечно ќе дојде, тоа ќе биде благодарение на многу прекрасни жени, од кои многу се во салата вечерва, и некои премногу ексклузивни мажи кои се борат напорно за да станат лидери кои ќе не одведат во време кога никој нема да мора да каже „и јас исто“ (MeToo), рече Винфри.