На изборите во Турција гласаше 114-годишна жена – починаа двајца гласачи и еден набљудувач


 

Жена по име Хацер Бабал, родена 1909 година гласаше денеска на изборите во Истанбул.

Хацер гласала пред самиот крај, нешто пред да се сатворат биралиштата. Таа има 114 години.

На бирачкото место во училница во местото каде живее донесена е со колиќка.

„Нека му подари Бог добрина, нека му е добар животот и нека го окупира со својата работа. Се молам за него“, рече таа пред новинарите пренесе „Си-ен-ен турк.

Едновремено, туските медиуми јавуваат дека на бирачките места починале двајца гласачи и еден набљудувач.

Врховната изборна комисија на Турција смета дека изборниот процес во Турција е завршен, а не е забележана ни една негативна ситуација.

Сепак, во текот на изборниот процес починае еден набљудувач и двајца бирачи од срцев удар, а претседателот на комисијата изрази сочувство до семејствата, јави „Анадолија“.