Шарлот Казираги и Димитри Расам: Вљубената внука на Грејс Кели бремена, се очекува и свадба

Монако-Внуката на Грејс Кели и ќерка на принцезата Каролина, Шарлот Казираги е бремена со првото дете, со избраникот, филмскиот продуцент од Париз Димитри Расам (36) . Двојката се сврши пред неколку месеци и ја планираа свадбата која сега ја одложија за по породувањето, во август, годинава.

Избраникот на Шарлот нема сина крв ама има славни корени. Негова мајка е прославената глумица Карол Буке, а татко Жан -Пјер Расам кој починал кога тој имал четири години, фален филмски продуцент од 70-тите.

Шарлот И Димитри се во врска една година, а венчавката требаше да биде на Сицилија, во раскошната вила на мајката на Димитри.

Двојката веќе не се крие, а Шарлот своето стомаче го покажа викендов во луксузното летувалиште Позитано.