Османи утре во посета на Египет

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на актуелен претседавач со Медитеранската група за соработка на ОБСЕ и иден претседавач со Организацијата, утре, ќе престојува во работна посета на Египет.
За време на посетата, Османи ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи, Самех Хасан Шукри Селим и министерот за трговија и индустрија, Ахмед Самир Салех.
Во фокусот на дискусиите ќе биде натамошното унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Египет, како и економската соработка и зголемување на трговската размена. Воедно, акцент ќе се стави и на актуелните меѓународни прашања и безбедносните предизвици во регионот на ОБСЕ, како и надворешно-политичките приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.