Свитолина го одбрани тронот во Рим

Украинската тенисерка Елина Свитолина ја победи Симона Халеп (Романија) со 2-0, по сетови 6:0, 6:4 во финалето на ВТА турнирот во Рим (Италија).

Мечот траеше еден час и девет минути.

За Свитолина ова е втора победа по ред на овој турнир и вкупно трета титула.

Украинката ја освои 12-та шампионска титула во кариерата.

Турнирот во римската престолнина се играше за награден фонд од три милиони евра.