Јапонија донира повеќе апарати за Здравствен дом – Скопје


Јапонија овозможи ЈЗУ Здравствен дом – Скопје да добие три дефибрилатори, четири аспиратори, две пумпи за шприцови, две пумпи за инфузија, 10 спинални даски, два стола за евакуација и 20 електрокардиографи, во вкупен износ од 40.420 евра. 

„Во текот на 2021 година, службата за итна медицинска помош направи 6.485 ЕКГ записи, 3.362 интервенции кај сообраќајни незгоди и трауматски повреди со употреба на спилната даска, и 5.162 медицински транспорти на пациенти на територија на Град Скопје”, речед-р Исјановски.

„Со оваа донација Јапонија помогна да се пружи итна медицинска помош на 8.962 пациенти со Ковид-19 во изминатата година.” Вели Амбасадорот Савада. 

Во 2021, Кодвид-19 беше меѓу главните причини за морталитет во Северна Македонија, а амбасадорот Савада во обраќањето до присутните изјави дека jапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да има подобри здравствени услови. 

Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со медицинскиот директор на ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје, проф. д-р Виктор Исјановски, организацискиот директор Бесим Кока, и менаџерката д-р Милица Бубало. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка. 

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19. 

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.