Владата ќе потпише 280 договори за поддршка на компании
Владеечката СДСМ најави потпишување на нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра. Овие компаниие ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години, односно до завршувањето на нивните договори.Претходно, само во 2021 година истите овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и создале над 1.500 нови работни места.
„Со овој Закон за финансиска поддршка, во изминатите четири години на домашните компании им се дадени над 50 милиони евра. Станува збор за над 600 компании од кои 80 отсто имаат домашен капитал.На овој начин се реализира заложбата на Владата предовдена од СДСМ, домашните компании да бидат третирани исто како и странските компании во Северна Македонија. Секоја финансиска поддршка од државата кон компаниите, вклучително и последнава, придонесува за зголемено производство, поголем извоз, но и отворање на нови работни места и повисоки плати за работниците, соопшти портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија со прашање дали најавената помош за економијата ќе ја добијат тендер милениците на СДСМ и таа ќе заврши на сметките на неколку фирми блиски до нив, кои се и редовни добитници на државните тендери.