Драматично снимка на погоден хеликоптер во кој гине руски полковник (Видео)

Сергеј Гундоров е 55. руски полковник што загина во војната во Украина


 

Драматично видео го прикажува моментот кога руски полковник се урива со неговиот хеликоптер откако бил погоден со украински проектил. Потполковник Сергеј Гундоров (51) бил погоден во близина на Волноваха во Донбас.

Воениот хеликоптер падна откако бил погоден со рачен проектил земја-воздух.

Неговиот погоден „Ми-35“ падна и се преврте по што се претвори во огнена топка во поле. Од експлозијата се гледаат пламени јазици и црн чад.

Вториот руски хеликоптер се гледа како испушта огнени мамки и очигледно избегал непогоден.

Гундоров е 55-тиот познат руски полковник убиен во руската инвазија на Украина.

Еден руски извештај за смртта на високорангираниот пилот, прва класа, вели: „Светол вечен спомен на херојот кој замина на неговиот последен лет.

„Пилотите не умираат, тие летаат во небото… Најдобрите нè напуштаат“.

Се вели дека тој загинал откако ја завршил „борбената мисија“.

Гундоров претходно доби три ордени за храброст.

Тој загина на 16 јуни, но неговата смрт е признаена дури сега.

Неговата смрт уследи по загубата на двајца полковници објавени истиот ден минатата недела – високо одликуваниот полковник Сергеј Красников (56), кој доброволно се пријавил повторно да им се придружи на силите за да оди во војна, и полковникот Сергеј Постнов – во неговите 40-ти.