Хит на социјалните мрежи: Дачиќ седи додека Вучиќ не го погледне


 

Вчера, во српското Собрание Александар Вучиќ положи заклетва и го почна својот втор мандат на функцијата претседател на Србија.

На инаугурацијата присуствуваше комплетното политичко раководство на Србија, патријархот Порфириј и други верски службеници како и делегација на БиХ предводена од Милорад Додик.

Кога Вучиќ одржа говор и положи заклетва, сите во собраниската сала станаа и почнаа да аплаудираат, освен претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ.

Тој стана од фотелјата дури откако лидерот на Србија го погледна, по што претседателот на СПС „скокна на нозе“. Овој момент стана вирален на социјалните мрежи.

Зошто Дачиќ не стана веднаш не е познато, но одамна се шпекулира дека односите меѓу него и Вучиќ не се идеални, затоа што Дачиќ отворено ги поддржува интересите на Русија во време на војната во Украина, а Вучиќ и понатаму успешно балансира меѓу Москва и Западот.

Исто така, Ивица Дачиќ одамна има амбиција да стане премиер на Србија, но прашање е дали Вучиќ ќе му даде поддршка во тоа, затоа што познато е дека тој сака Ана Брнабиќ да остане на таа позиција, која се смета за десна рака на Вучиќ.

@otac_nacije369

 

♬ original sound – otac.nacije